Министерството за образование ја разгледува можноста наставата целосно да оди онлајн, но таква одлука е тешка за донесување, изјави денеска министерот Јетон Шаќири.
Тој додава дека тоа не е лесна одлука треба да бидат опфатени и основните училиштата. Дел од училиштата немаат мејлови но добиваат закани, мејловите се испраќаат во една група кај сите и според податоците добиени од МВР се реагира и во училиштата кои не го отвориле мејлот.
– Затоа велам дека одлуката за целосна онлајн настава во моментов не е лесно да се донесе заради тоа што не се знае кои ќе бидат последиците во другите градови и во другите основни училишта. Ако е целта тоа на тие што ги дојавуваат бомбите, мислам дека нема да се донесе таква одлука толку лесно, рече министерот Шакири.
Тој вели дека како министер кажал дека е против онлајн настава.
-Но, ова се препораки за да не се загуби настава, ќе ги разгледаме проблемите во училиштата. Имаме родители кои работат, ќе разгледам нови предлог решенија. Во почетокот дојави имаше кај средношколкците, а сега и кај основците што отвора нов проблем. Матурите ќе се организираат, работна група ќе ги разгледа сите аспекти, додаде првиот човек во образованието.