При претрес во домот на дваесет и девет годишниот Д.З. од с.Ново Село општина Зелениково од страна на полицијата се пронајдени оружје и муниција. Поради натамошна постапка лицето е приведено во полициска станица.
– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле Д.З. с.Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Escort Magnum“, еден ловечки карабин „Ceska Zbrojovka“ со оптички нишан, 30 куршуми и шест ловечки патрони, кои ги поседувал без дозвола, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против Д.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.