ЕП во атлетика во сала: Дарио Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои последното место на трката на 3000 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција. Тој трчаше далеку под можностите и оствари резултат од 8:17.93 минути, најлош во квалификациите.

Ивановски не можеше да го следи темпото на групата и на крајот заврши со 20 секунди послабо време од својот најдобар резултат.

Тој националниот рекорд на Македонија во оваа дисциплина (7:58.48 минути) го постави токму на трка во Турција.

Вчера настапи и втората македонска претставничка, Дрита Ислами, која заврши на 25. позиција од вкупно 28 атлетичарки во дисциплината 400 метри.

 

Претходна вестДрита Ислами петта во квалификациите на 400 метри на Европското во Истанбул
Следна вестПриведени разбојници кои нападнале малолетници во Петровец