Во Полициската станица Прилеп рано утринава околу 4:30 часот, било пријавено дека на ул.„Цане Илиоски“ настанал пожар во патнички возила „сеат кордоба“, сопственост на Љ.З.(68) од Прилеп и „БМВ“, сопственост на К.З.(45) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.