Бура од прашина причина за тешката сообраќајка во Унгарија

Бура од прашина која нагло ја намалила видливоста е можна причина за верижниот судир на унгарскиот автопат, напиша на Фејсбук операторот на унгарските автопати. Во сообраќајката учествуваа 42 возила, а беа повредени 36 лица.

Поради несреќата, автопатот на таа делница е затворен, а од службата информираат дека поради отежнатите услови расчистувањето ќе трае подолго од вообичаено, пренесуваат унгарските медиуми.

Полицијата соопшти дека судирот, во кој учествувале пет тракторски приколки и 37 други возила, се случил на автопатот М1 на околу 24 километри западно од главниот град Будимпешта.

 

Претходна вестКолапсот на моќната американска банка предизвика голем пад на акциите
Следна вестЕвропската Унија планира да воведе дигитални возачки дозволи