Париз е преплавен со ѓубре, на улиците се појавија и стаорци

Главниот град на Франција Париз е преплавен со ѓубре, а се појавуваат и стаорци на улиците. Речиси една недела вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во Париз штрајкуваат против реформите во пензискиот систем.

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира отпадот и улиците се натрупани со речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, соопштија француските медиуми.

Коалицијата на француските синдикати, кои покажаа ретко единство од почетокот на протестното движење кон крајот на јануари, се надеваат дека ќе го продолжат притисокот врз владата да ја повлече реформата, чија цел е да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.

Претходна вестКако е напишано во уставите на Германија, Франција, САД…
Следна вестКаде брзаат Македонците: Над 880 лица казнети за еден ден