На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден се забележани голем број на сообраќајни прекршоци. Изречени се 237 санкции од кои најмногу за пребрзо возење.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во Скопје изрече вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 6 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, велат во известувањето од МВР.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел да се зголеми безбедноста на улиците и патиштата.