Маж објавил компромитирачко видео од жена, полицијата му го одзела лаптопот

Кочанец објавил компромитирачко видео од жена, на социјалните мрежи. Од страна на полицијата во неговиот дом бил извршен претрес, а пртоив ниго ќе биде поднесена пријава.

– На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина.

Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, информираат од МВР.

По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест237 санкционирани возачи во Скопје, 69 за брзо возење
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство од шиење долна облека да врши надзор врз изградбата на коридорите