ВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство од шиење долна облека да врши надзор врз изградбата на коридорите

Ковачевски и Груби се што кажаа во одбрана на криминалниот тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10, се излажаа. А, народот вели, кој лаже тој и краде, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија укажува дека фактите целосно ги побија нивните невистини.

-Груби и Ковачевски уверуваа дека странски експерти ќе го водат надзорот, а се испостави дека македонските контроверзни фирми „Електра Солушн“ на Ампови и „Евро консалтинг“ (на криминалецот баран со потерница Бранимир Димитријевиќ) ќе добијат 70 отсто од мрсниот тендер. Односно од 22 милиони евра „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра. Власта уверуваше дека компаниите се реномирани, а „Електра Солушн“ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство единствено може да се пофали со шиење на долна облека. Груби и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградба на автопати во Македонија. Тоа доволно говори само по себе, соопштија од оваа партија.

Се додава дека наместо мноштво реномираните странски експерти за надзор, тие се сведоа само на 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло.

-Секоја лага им падна во вода исто како што лажеа за новиот менаџмент на „Ептиса“, па се испостави дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016-та, лажеа за реномето, а се испостави дека за истата влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитријевиќ нема никаква врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се испостави дека компанијата е уште поврзана со него и уште еден тон лаги од оваа власт на Ковачевски и Груби. Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да бега. Ислам Абази нека не се крие и нека покрене постапка. Ова смрди – корне на корупција и наместен тендер, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестМаж објавил компромитирачко видео од жена, полицијата му го одзела лаптопот
Следна вест22-годишно момче направило лажен профил и објавило компромитирачки фотографии од девојка