22-годишно момче направило лажен профил и објавило компромитирачки фотографии од девојка

22-годишно момче уценувал женско лице дека ќе објави компромитирачки материјали од женско лице. Притоа пријавениот објавил две компромитирачки фотографии и заработил кривична пријава.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.С.(22) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена” и „злоупотреба на лични податоци”.

Во периодот од 05.12.2022 до 27.01.2023, пријавениот уценувал женско лице дека преку социјалните мрежи ќе објави компромитирачки фотографии од неа, се вели во соопштението на МВР.

Потоа, пријавениот на лажен профил објавил две компромитирачки фотографии.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски избрале фирма со искуство од шиење долна облека да врши надзор врз изградбата на коридорите
Следна вестФилхармонискиот оркестар на Македонија со концерт за најмладите