Струга се врати на плус четири пред Шкупи – А. Пандев пак ги сопна чаирчани

Апсолутна доминација на гостинските екипи, на денешните натпревари одиграни во фудбалскиот шампионат на Македонија. Совршениот скор на гостите им го расипа Шкупи со ремито 1:1 кај Академија Пандев.

Лидерот на табелата Струга со минимална победа ги однесе бодовите од Скопје. Стружани го победија Работнички со голот на Малески во 28 минута.

Шкупи против Академија Пандев имаше играч помалку од 27.минута. Поради груб старт беше исклучен Адем. Сепак четири минути подцна гостите постигнаа гол преку Маргвелашвили. Бод на „Пандевци“ им донесе Велоновски во 79.минута.

Силекс ја декласира Победа во Прилеп со 5:1, а Македонија ЃП со голот на Фазли во 68.минута го победи Тиквеш.

Резултати:

Академија Пандев-Шкупи 1:1
Победа-Силекс 1:5
Работнички-Струга 0:1
Тиквеш-Македонија ЃП 0:1

Табела:

Претходна вестНАСА ја мапираше водата на Месечината
Следна вестСончево и релативно топло време, со температури до 19 степени