Изречени над 200 сообраќајни казни за несовесни возачи во Скопје

При полициска контрола во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје забележани биле голем број на сообраќајни прекршоци. Санкционирани се 201 возач, а најголем дел од нив ја пречекориле дозволената брзина.

– Во текот на вчерашниот на територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 5 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 3 мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за непрописно престројување на возила, 3 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 6 санкции за недавање првенство на мнување на пешаци, 4 мерки за возач почетник…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестПочнаа Рамазанските пости, денови посветени на Бога и на воздржувањето
Следна вестСтудентите не се откажуваат од барањата за покачен студентски оброк, реконструкција на домовите…