Студентите не се откажуваат од барањата за покачен студентски оброк, реконструкција на домовите…

Ново потсетување и барања за подобрување на положбата на студентите во Македонија упати организацијата Студентски отпор. Во објавата на нивниот профил на социјална мрежа Фејсбук тие го изразуваат незадоволството од институциите и нивниот „игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци“. Се бара и средба со средба со министерот за образование и вклучување на нивни претставници во работните тела.

-Бараме и изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите), покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари, дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите, бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите, прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови, се наведува во обраќањето.

Се бара, исто така, и стипендирање на студентите на втор циклус студии, модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети и прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.

-Ги охрабруваме и повикуваме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината. Ќе делуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства, се вели во објавата.

Претходна вестИзречени над 200 сообраќајни казни за несовесни возачи во Скопје
Следна вестУште еден наставник фатен со „бело“