Уште еден наставник фатен со „бело“

Битолската полиција вчера го привела 54 годишниот В. А. од Прилеп. Кај него е пронајдена бела грутчеста материја, информираат од МВР.

Инаку уапсеното лице работи како наставник во основно училиште. Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Пред неколку дена во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога.

Претходна вестСтудентите не се откажуваат од барањата за покачен студентски оброк, реконструкција на домовите…
Следна вестСкопјанец доби кривична поради коментар на Фејсбук