Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром.

-Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.

Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците, велат од МВР.

Претходна вестАпасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од гласање за помалото зло
Следна вестСтруга ги врати Шкупи и Шкендија во борба за титулата, реми во скопското дерби, Вардар загуби во Струмица