Фудбалскиот натпревар Македонија – Малта кој ќе се одигра вечерва во Националната ареана „Тодор Проески“ е од посебно значење за нашиот фудбалер Висар Муслиу. Имено, стоперот кој важи за еден од клучните играчи на националниот тим вечерва по јубилеен 50ти пат ќе го облече националниот дрес на Македонија.
Дваесет и осум годишниот Муслиу досега има играно 49 пати за А- репрезентацијата, а има постигнато и еден гол на натпреварот со Лихтенштајн во Струмица.
Малкумина во репрезентацијата на Македонија можат да се пофалат дека заиграле за Македонија 50 пати, токму поради овој податок селекторот Благоја Милевски едноставно не може да го замисли стартниот состав на А-репрезентацијата на Македонија без Муслиу.