Ковачевски ќе го прашува Османи: Зошто Македонска телевизија не се емитува во Бугарија?

Ќе се побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на Македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговори на новинарско прашање врзано за неисполување на Договорот за пријателство со Бугарија според кој националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Северна Македонија, така и во Бугарија. Наспроти неемитувањето на Македонската телевизија во Бугарија, Бугарската национална телевизија (БНТ) непречено се емитува кај нас.

– Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски.

Претходна вестЗапален паркиран автомобил во Скопје
Следна вестМуслиу вечер по јубилеен 50-ти пат ќе го облечe дресот на Македонија