Запленета голема количина на дрога и уапсени се двајца дилери, утрово околу 7 часот на наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат за по нејзиното завршување.
Истите извори наведуваат дека ова е една од низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.