МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во Првата кошаркарска лига и по последниот натпревар од 19. коло во кое актуелниот шампион славеше на гостувањето во Кавадарци против Еуро Никел со 61-81.
„Штрковите“ беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, го контролираа скокт и одиграа одлично во одбраната каде го приморија противникот на тешки обиди, а двоцифрената предност стекната во втората четвртина ја дополнија во третата со расположените обиди за три поени па немаа проблем рутински да приредат крај за 17. победа во сезоната.
Лидер на Еуро Никел со 20 поени, 12 скока и 6 асистенции беше Планиниќ, а него го следеше Гавриловиќ со 9 поени и 10 скокови. Мајк Кефи со 15 поени и 5 асистенции го предводеше МЗТ Скопје, а по 10 поени додадоа Робев, Крстевски и Вер.
Со денешниот триумф МЗТ Скопје ја задржа предноста од две победи пред Пелистер и на три кола пред крајот на првенството е на добар пат да се избори за предност од домашен терен до самиот крај од разигрувањето за титула. Еуро Никел пак останува на 11. победи колку што имаат и Феникс 2010 и Работнички и до крајот го очекува битка за четвртата позиција на табелата.