По студеното утро сончево со малку облаци

На подрачјето на Македонија денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната темапература ќе се движи од – 7 до 4 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува – 2, а дневната ќе достигне 12 степени.

Претходна вестМЗТ Скопје подобар од Еуро Никел
Следна вестПредупредување од „Улици и патишта“: Забавен сообраќај на кростосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“