Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува употреба на лабораториски произведена храна и добиточна храна. Забраната е за да се заштити земјоделието и наследството.
-Забраната има за цел да го заштити земјоделско-прехранбениот производствен комплекс и гастрономското наследство, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида.
Доколку овој предлог-закон „помине“ во парламентот, на италијанската прехранбена индустрија нема да и биде дозволено да произведува храна или добиточна храна „од клеточни култури или ткива добиени од ‘рбетници“, а прекршувањето на овие правила ќе биде казнето до 60.000 евра.
Националистичката влада на премиерот Мелони вети дека ќе ја заштити италијанската гастрономија и прехранбените производи од технолошките иновации кои се прогласени за штетни.