Бомба од Втората светска војна е извадена од Охридското Езеро

Бомба од Втората светска војна е извадена вчера од Охридското Езеро. Бомбата е извадена од пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна, информираат од МВР.

Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходна вестДоларот зајакна, цените на нафтата паднаа
Следна вестИталија го забранува производството на синтетичко месо