Украина призна дека руските сили постигнале одреден напредок во Бахмут, град кој со месеци беше сцена на жестока битка. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, руската офанзива има „одреден степен на успех“.
– Непријателските сили имаа одреден степен на успех во нивните дејствија насочени кон напад на градот Бахмут, соопшти генералштабот во редовниот ноќен извештај.
Вчера наутро, Володимир Зеленски рече дека загубата на Бахмут може го наруши единството во земјата и да се зголеми притисокот врз него за тој да бара компромис со Владимир Путин.