Арсовска: Одлуката за отстапување на Универзална сала не може денес да се донесе

Ниту можам ниту сакам да донесам одлука за отстапување на Универзална сала, тоа ќе го направи Советот но таа не може денес да се донесе, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. Не прес-конференцијата пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје таа одговори на новинарско прашање дали Градот Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата за да се заврши реконструкцијата.

-Универзалната сала е симболот на градот. Тоа не е одлука која што јас како градоначалник, ниту можам ниту сакам да ја направам. Истата поради несоодветно планирање и проектирање е соочена со бројни проблеми и сметам дека овие работи треба да се дискутираат и разговараат како точка на дневниот ред како иницијатива. Одлука не може денес да се донесе“, порача Арсовска.

Таа, истовремено, соопшти дека бара поддршка од советниците во Советот да се изгласаат неколку точки што ги предлага.

-Пред советниците денес ќе се најде одлука која тие треба да ја гласаат за субвенционирање при набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон за граѓани и за такси-превозници, пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира 200.000 денари по возило. Бараме и поддршка за набавка на нови еко-автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе ги заменат старите и дотраени автобуси, кои не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните. Предлагаме и меѓуопштински соработки со неколку општини во кои градот Скопје ќе инвестира во реконструкција на улици, пешачки зони и велосипедски патеки, потенцира Арсовска.

Претходна вестУкраина призна дека Русите напредуваат во Бахмут
Следна вестЃоковиќ ќе може да игра во САД, забраната е укината!