Во периодот од 27 март до 4 април при влез во државата на ГП Табановце, кај македонски државјанин пронајдени се 1120 парчиња монети со археолошка вредност. Освен ова кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти.
Акцијата е спроведена од страна на Македонското министерство за внатрешни работи заедно со претставници на полициите на Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019 спроведоа заедничка акција „Артефакт“ на граничниот премин Табановце, патните делници кон Република Србија, како и по должината на целата граница со Република Србија.
При изведувањето на активностите, како што соопшти полицијата, беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји.