Странци одат да работат во Србија, меѓу нив и Македонци

Во првите три месеци од годинава, Србија на странци издала 11.717 работни дозволи, а лани вкупно 35.168, покажуваат податоците на Националната служба за вработување. Најмногу работни дозволи се издадени на државјани на Кина, Русија, Турција, Индија, Куба, Македонија, Украина и Непал…

На топ 10 листата се и соседите, а градежништвото како индустрија е дефинитивно во водство.

Минатата година во Србија работеле точно 35.174 странци, што е за околу 12.000 повеќе од 2021 година.

Голем број странци се ангажирани како помошни работници во различни стопански гранки, како што се услужни дејности, угостителство и хотелиерство.

Според податоците на НЕС, најголем дел од странските работници се вработени со трет, четврти и седми степен, но има и многу нискоквалификувани работници.

Претходна вестСообраќајка во скопско Бардовци, повредени две лица
Следна вестПромоција на збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ од Влада Урошевиќ во МКЦ