Темен режим Режим на светлина

Сообраќајка во скопско Бардовци, повредени две лица

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Две лица се повредени во сообраќајка во скопско Бардовци. Несреќата се случила вчера.

– На 10.04.2023 во 17.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота ајго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(49) од Маврово и патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., а со телесни повреди се здобил З.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Објавен составот на работната група за уставни промени - власта сама ќе ги пишува амандманите

Следна објава

Странци одат да работат во Србија, меѓу нив и Македонци