Приведен 22-годишен скопјанец

Приведен 22-годишен скопјанец, кој бил фатен како превезува 11 Сиријци.

Тој не застанал на полицискиот знак, по што следела брканица. И.Б. бил приведен утрово околу 06.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија.

При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел малолетници. Имено, претходно тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото ја скршил рампата на наплатната станица. По преземени мерки возилото било запрено, по што И.Б. се обидел да избега, но бил фатен и приведен. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПрегазен велосипедист на Партизанска
Следна вестЏафери: Постевме заедно и заедно споделувавме трпези