Голем подвиг за неколку македонски ултра-маратонци кои настапија на трката во Истра, која е дел од светската серија на ултра-маратони. Македонците настапија на трката на 168,6 км, а дел од нив се натпреваруваа и на 110 км и 42,1 км.
Виктор Најдовски се издвои како најдобар наш натпреварувач кој делницата од 168,6 километри ја мина за 28 часа, 49 минути и 13 секунди. Тој го освои 68. место.
Втор најдобар беше Јовица Јованчев, со време од 36 часа, 31 минута и 19 секунди, кому му припадна 150. место, а Дарко Шиповиќ стигна пет секунди подоцна од него и ја финишираше трката како 151.
На трката со делница од 110 километри, најдобра Македонка беше Радмила Јованова со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди. Таа во својата категорија беше 16. место, а како 25. девојка ја мина целта. Во вкупниот пласман на сите натпреварувачи на 110 километри, таа заврши на 152. место.
На оваа далечина настапи и Бобан Стојановски кој оствари време од 20 часа, 25 минути и 48 секунди. Тој го освои 229. место.
Сунчица Близнаковска се натпреваруваше на трката од 42,1 километар и делницата ја помина со време од 6 часа, 10 минути и 31 секунда.