Три лица во Гостивар се приведени поради поседување на дрога, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 16.04.2023 во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул.”Илинденска” во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње.
-Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути. Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во информацијата