Едно лице загина, а пет се повредени, откако вчера нешто по 16 часот по локално време се урнa катна гаража во Њујорк на Менхетен, јавуваат американските медиуми. Претставници на Њујоршката противпожарна служба соопштија дека неколку луѓе се повредени, но предупредија дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени и затрупани во урнатините.
Вториот кат од гаражата се урна врз првиот, соопштија градските власти, а пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, бил известен за несреќниот случај, а неговиот портпарол објави на „Твитер“ дека тој се упатил на местото каде се стравува дека можеби има и повеќе загинати.
Американските медиуми јавуваат дека најмалку илјада луѓе се повредени.
Снимката од извештајот што ја објави Си-Би-Ес Њуз покажува дека во тек е спасувачка операција.
Во меѓувреме, пожарникарите беа повлечени од местото на настанот „поради загриженост за структурната стабилност на зградата“, се вели во соопштението на Њујоршката противпожарна служба.
Соседните згради се евакуирани поради можно дополнително уривање.