Адеми си даде објаснување за смената на Дамева: Има правна дупка

Има правна дупка! Ова е објаснување кое вчера го даде заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми кој во средата ја разреши претседателката Весна Дамева. Во интервју за порталот „Порталб“ тој објаснува дека правни не е регулирано разрешувањето на првиот човек на Судскиот совет.

-Претседател се избира со 8 од 13 членови на Судскиот совет, но со Законот не е регулирано со колку се разрешува и тука е правната дупка. Никаде не пишува дека ако те избираат со 8 гласа и те разрешуваат со 8 гласа. Добро би било Комисијата за реформи во Министерството за правда да го регулира ова прашање. Се што не е забрането со Устав и со закон е дозволено, додава Адеми.

Според него, во Советот постоело мнозинство и беше гласано 7 спрема 5.

-Советот брои 13 членови, плус 2 чена без право на глас, но Законот се однесува на 13 членови кои имаат право на глас, значи 7 е мнозинството во секоја одлука на Судскиот совет, доколку со закон не е предвидена друга процедура, толкува Адеми.

Тој тврди дека правните експерти погрешно ги толкуваат правилата.

-Таму пишува дека со осум гласа се разрешува од член на Судскиот совет, но Весна Дамева не е разрешена од функцијата член на Судскиот совет, таа продолжува да биде член, таа е разрешена од функцијата претседател, потенцира Адеми.

Адеми објаснува дека иницирал гласање за смена на Дамева, а причината наводно била дека го криела писмото на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, испратено на 11 април, во кое таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од високи профили.

Разрешувањето на Дамева предизвика бројни реакции во јавноста порани начинот на којшто беше извршено. Оценките се дека Судскиот совет постапил „недостојно“, „срамно“ и дека не се почитувани правилата.

Претходна вестГи тепал сите: Прво мајката, па сопругата и на крајот детето, полицијата го приведе
Следна вестВо „Панче Караѓозов“ ќе има и македонска паралелка за гинеколошко-акушерски сестри