Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
-Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 2,00 ден/лит., а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит. Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг., се наведува во соопштението
Од ноќеска на полноќ, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 80,00 (денари/литар), бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 69,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 41,075 (денари/килограм).