Нов ужас во Србија: Најмалку осум убиени, повеќе од десетина ранети во пукањето кај Младеновац

Најмалку осум лице се убиени а 13 ранети откако напаѓач од автомобил пукал во луѓе во близина на градот Младеновац во Србија. Масакрот се случил доцна синоќа во селото Дубона, 50-тина километри јужно од Белград. Повеќе лица се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи.

Се дознава дела лицето првично отворило оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20 годишен полицаец и неговата сестра, но продолжил да пука и кон сите кои му се нашле на патот.

Според очевидци жртвите мирно седеле на клупа кога почнал крвавиот поход.

Дедо на убиениот полицаец за српски „Блиц“ изјави дека лицето пукало без каква и да е причина.

-Тие седеа и правеа муабет. Тој им пријде и пукаше во нив баз каква и да е причина. Ми ги уби внукот и внуката, рече тој.

Голем е и бројот на повредени бидејќи момчето пукало и бегајќи со автомобил низ две села во близина на Младеновац.

Полицијата тргна во потера по 21-годишно лице кое е идентификувано како У.Б, и кое пукало во луѓе, по случаен избор, од автоматска пушка. Сите убиени и ранети лица се родени по 2000-та година.

Српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ пукањето го опишал како „терористички чин“, без да даде повеќе детали.

Се дознава дека повеќе од 600 припадници на српската полиција се во интензивната потрага по осомниченото лице.

На местото на анстанот се испратени екипи на итна медицинска помош, како и специјални полициски и хеликоптерски единици.

Пукањето се случило помалку од 48 часа откако 13-годишно момче уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во околината на Младеновац пред десет години беше место на случување во кое едно лице во село Голема Иванча со огнено оружје уби 13 комшии.

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вестКонески велеше дека е единствената наша комплетна татковина, се слави Денот на македонскиот јазик