Македонскиот репрензентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи се нови шампиони на Италија. Елмас е вториот фудбалер од Македонија кој доаѓа до Скудетото, претходно тоа му успеа на Горан Пандев со Интер во 2010 година.
– Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун, и останатото е историја. Сонот на наполи се оствари, напиша Елмас.
Ова е прв шампионски трофеј на Наполи по ерата на Диего Армандо Марадона.