Нашиот Елмас со Наполи е шампион на Италија

Македонскиот репрензентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи се нови шампиони на Италија. Сосема заслужено, со оглед на победничкиот континуитет во текот на целата сезона во Серија А, со кој им побегнаа многу на конкурентите.

На гостувањето во Удине, Наполи одигра 1:1 и на пет кола пред крајот има недостижни 16 бода предност пред Лацио.

Удинезе поведе со голот на Санди Ловриќ во 13.минута, но израмни Виктор Осимен во 53.минута и го трасираше патот на „наполитанците“ кон шампионската титула.

Ова е прв шампионски трофеј на Наполи по ерата на Диего Армандо Марадона.

Тоа е прв шампионски пехар за Елиф Елмас во Серија А, кој му се приклучи на Горан Пандев како освојувач на „скудетото“.

Претходна вестПродолжуваат скандалите во Судскиот совет: На тајни седници се повлекува одлуката, се носи нова, се избира нов претседател…
Следна вестЕлмас: Доаѓаме од мали земји како Македонија, Грузија, Косово, Нигерија..се оствари сонот на Наполи