Елмас: Доаѓаме од мали земји како Македонија, Грузија, Косово, Нигерија..се оствари сонот на Наполи

Македонскиот репрензентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи се нови шампиони на Италија. Елмас е вториот фудбалер од Македонија кој доаѓа до Скудетото, претходно тоа му успеа на Горан Пандев со Интер во 2010 година.

– Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун, и останатото е историја. Сонот на наполи се оствари, напиша Елмас.

Ова е прв шампионски трофеј на Наполи по ерата на Диего Армандо Марадона.

Претходна вестНашиот Елмас со Наполи е шампион на Италија
Следна вестОд 8 до 20 мај пругата од Велес до Гевгелија ќе биде затворена од 9.30 до 19 часот