Горивата поевтинуваат, од ноќеска на полноќ дизелот ќе чини 67 денари за литар

Одлука за намалување на цените на горивата денеска донесе Регулаторна комисија за енергетика. Со неа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар.

-Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продава за 80,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство за 66,00 денари за литар, информира РКЕ.

За 1,455 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 39,620 денари

Претходна вестЛевица: Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик не придонесува за негова заштита
Следна вестТажната вистина за песната Ѓурѓовден