Две лица вчера се искасани во одвоени напади на кучиња во скопската општина Кисела Вода, соопшти полциијата.
-Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.К.(46) од Скопје пријавила дека на ул. „Христо Татарчев“ била касната од куче скитник. Во 16.20 часот во Полициската станица Драчево Н.Џ.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Димитров“ била касната од куче скитник, се наведува во информацијата на МВР.