Јас само се обидував да спречам турканица и без никаква причина полицаецот ме удри со пендрек во главата, изјави ракометарот Филип Талески за Канал 5, коментирајќи го саботниот инцидент по ракометниот натпревар Вардар-Пелистер. Талески тврди дека има медицински извештај за повредата.
– Очигледно беше дека полицаецот тргна со намера да удира, ако не бев јас тогаш сигурно пендракот ќе завршеше во нечија друга глава, изјави Талески.
Ракометарот има и медицински извештај за повредата која му ја нанел полицаецот и вели дека за среќа нема посериозни повреди и дека ударот со кој се здобил бил во лице.