Македонската сениорска карате-репрезентација, се пласира на третата позиција во најтешката дисциплина – екипно борби за мажи…
Македонската сениорска карате-репрезентација, се пласира на третата позиција во најтешката дисциплина – екипно борби за мажи. Во наведената дисциплина, ова е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства. Сениорската карате-екипа на Македонија се закити со бронзен медал на медитеранското првенство што викендов се одржа во Радес, Тунис.
Дополнително, македонските претставници остварија и три високи пласмани, исто така, во најсилната, сениорска, конкуренција.
Осум членови на скопски „Макпетрол“ беа дел од нашата репрезентација. Медалот го освоија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, сите членови на „Макпетрол“, како и Мурсел Мисими од кумановски „Башкими“.