Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид Блок 3 на подрачјето на скопската општина Центар. Игралиштето доби обновени клацкалки, лизгалки, лулашки, покривни и подни површини како и замена на останатите оштетени реквизити. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави реконструкција на повеќе детски и спортски игралишта во општината.
-Во овој период сме посветени на нивна реконструкција низ повеќе населби во општината. Покрај санирањето и замената на оштетените и искршени реквизити општинските служи вршат и чистење и префарбување на игралиштата со цел детската игра да биде уште повесела, соопшти Герасимовски.
Претходоно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид Блок 2, а наскоро ќе се реконструира спортското и детско игралиште во Капиштец.