ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи

Утре поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

-Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од врворт надолу, се наведува во соопштението.

Претходна вестВо скопски Центар обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3
Следна вестСе активираше вулканот Попокатепетел, милиони луѓе се принудени на евакуација