Во Илиноис свештеници сексуално злоставувале 2.000 деца за 70 години

Во Илиноис (САД), во изминатите 70 години, 451 католички свештеник сексуално злоставувале речиси 2.000 деца, покажуваат резултатите од истрагата на државниот јавен обвинител на таа американска држава. Тој број е четири пати поголем од бројот што црквата го објави во 2018 година, пред почетокот на истрагата, пишува Асошиејтед прес.

Јавниот обвинител Кваме Раул на прес-конференција рече дека истражителите откриле дека католичкото свештенство злоставувало 1.997 деца во Илиноис помеѓу 1950 и 2019 година, иако тој призна дека многу случаи се застарени и дека овие насилници „никогаш нема да излезат на виделина“.

-Се надевам дека овој извештај ќе ги разоткрие оние кои ја искористија својата позиција и довербата што им беше дадена, како и луѓето од црковното раководство кои ја прикриваа таа злоупотреба. Овие сторители можеби никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата, но со нивното именување сакаме да обезбедиме јавна одговорност и да им помогнеме на жртвите кои долго време страдаат во тишина, рече тој.

Јавниот обвинител ги обвини католичките водачи дека донесуваат одлуки и политики кои „им дозволуваат на познатите сексуални злоставувачи на деца да се кријат, често на очигледен поглед“.

Во државата Илиноис живеат 3,5 милиони католици, што е приближно 27 отсто од вкупното население. Црквата поседува 949 парохии и има 2.215 свештеници и 1.372 ѓакони.

Претходна вестПриватните превозници се враќаат во скопскиот јавен превоз
Следна вестБраво: Учам и додека патувам со кола на тренинг во Скопје, ми оди тенисот и математиката