Полицијата вчера добила пријава за нарушен јавен ред и мир во скопската населба, Гази Баба.
Според информациите од МВР, станувало збор за меѓусебна пресметка помеѓу мајка и ќерка.
Двете жени на возраст од 69 и 50 години претходно се расправале, поради што и биле пријавени во полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.