Невремето со пороен дожд и град, кое денеска ги зафати Гостивар и околината, предизвика поплави во куќи, подруми и дворови, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во селото Беловиште се поплавени неколку куќи и патот во селото. Во населбата Циглана во градот, водата оди од планината и постои опасност од поплавување на куќи. На улицата „Беличица“ поплавена е куќа со помошни објекти, а на улицата „Трајко Јовановски“, поплавени се подрумски простории од куќа, велат од ЦУК.