Петок неработен ден за православните верници

Овој петок ќе биде неработен за граѓаните на Православната вероисповед. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 02 јуни (петок) 2023 година, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Духовден или Педесетница е подвижен празник, еден од најголемите 12 христијански празници — еден од најсветите празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 2 август (среда), Ден на Републиката,

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Пет специјалисти Владата ќе ги плаќа по 36.500 евра месечно
Следна вестСрбите продолжуваат со протестите пред општините во северно Косово