Србите продолжуваат со протестите пред општините во северно Косово

И утрово се собираат Србите пред општината во Звечан. Тие развиориле српско знаме долго дури 250 метри.

Околу 5 часот утрово обрачот околу американските војници на КФОР дополнително бил засилен со бодликава жица. Зад војниците на КФОР сѐ уште стојат оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција, пренесува Косово-онлајн.

Новиот градоначалник Љуљзим Хетеми не е виден како излегува од општинската зграда, па се претпоставува дека и оваа ноќ како и претходната ја поминал во таа зграда.

Претставниците на Србите во Лепосавиќ вчера во разговор со командантот на американскиот КФОР ги повториле барањата да се повлече специјалната единица на косовската полиција и новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми да ја напушти општинската зграда.

Тодиќ истакна дека Србите собрани пред зградата на општината не сакаат никакви инциденти, туку само да се погрижат непречено да работат во нивните институции и да имаат нормален живот. Додека пак Србите во Звечан, собрани пред општината, утрово развиориле српско знаме долго дури 250 метри.

Стотици граѓани утрово се собраа пред зградата на општина Звечан, пред која сѐ уште стојат војници на КФОР и припадници на Специјалната косовска полиција.

Звечан во моментов е најголемиот број на собрани Срби досега. Бројот на специјалните сили на косовската полиција и оклопните возила од утрово е зголемен, а тензиите се големи.

Претходна вестПеток неработен ден за православните верници
Следна вестСмачкано „тико“, тројца повредени во сообраќајка