Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани играчи за двата квалификациски натпревари за Еуро 2024 против Украина (16 јуни Скопје) и Англија (19 јуни, Манчестер).

Во составот на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дени Илиев и Игор Алексовски.

Одбрана: Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Езѓан Алиоски, Егзон Бејтулаи, Никола Серафимов, Владица Брдаревски, Бојан Димоски и Јован Манев.

Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Давор Здравковски и Сефер Емини.

Напад: Александар Трајковски, Милан Ристовски, Дориан Бабунски, Ваљон Етеми, Илија Несторовски, Љупче Дориев и Стефан Ашковски.

Официјалниот собир е закажан за 10 јуни во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Претходна вестЗмија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје
Следна вестКомити: ФК Вардар доби поддршка од 12 општини, никаде ја нема Данела Арсовска