Дарко Панчев му бил идол на еден од најдобрите бугарски фудбалери Димитар Бербатов. Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, ова го откри во интервјуто за спортскиот портал „Блиц“.
– Еден од моите омилени фудбалери е Дарко Панчев. Беше импресивно да се гледа како игра пред голот… Даваше голови на сите можни начини. Го обожував, го обожував начинот на кој ги тресеше мрежите. Дарко Панчев ми беше најомилен – откри Бербатов.
Бербатов, кариерата ја започна во Пирин, потоа играше во ЦСКА Софија, Баер Леверкузен,Тотенхем, Манчестер јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК.